Implementing a social calendar application

OData támogatás
Konzulens:
Kövesdán Gábor
Automatizálási és Alkalmazott Informatikai Tanszék

Апликацијата социјален календар е Андроид апликација која ги нуди сите функционалности на календар со дополнителни додатоци кои го прават да е социјален. Корисниците на апликацијата можат да додаваат пријатели со кој можат да закажуваат социјални настани. Комуникацијата помеѓѕ луѓето некогаш може да се биде проблем што се должи на нивниот зафатен распоред. Оваа апликација нуди решение на овие видови на проблеми. Корисниците ќе можат да ја користат апликацијата како нормален календар и кога ќе сакаат за закажат средба со нивен пријател, тоа можат да го направат со апликацијата само со неколку клипови. Ова ќе ги намали непотребните разговори помеѓу луѓето и можноста да го барате вашиот пријател со непогодно време.

Целта на овој проект е да се направи апликација која корисниците ќе ја користат како едноставен календар, кој исто како ќе има можност да се користи преку интернет и да биде социјален исто така. Апликацјата се очекува да ги намали бројот на непотребните разговори за договарање на средби и бројот на неочекувани повици, посебно повици кои се случуваат во непогодно време кога некој е зафатен. Апликацијата се однесув како нормален календар, корисникот ќе може да додава едноставни настани, но има и многу напредни карактеристики кои ја издвојуваат од другите апликации.

Корисниците на апликацијата ќе можат да бараат пријатели од веќе регистрираните корисници, да ги додадат за пријатели праќајќи им понуда за пријателство, да откажат веќе пратена понуда за пријателство, да одобрат и да одбијат понуди за пријателство од други корисници. Кога двајца корисници ќе станат пријатели, тие ќе можат да си ги видат нивите распореди и да договорат средба или друг социјален настан меѓу нив во некој од периодите кога и двајцата се слободни.

За програмерот, целта на проектот е да се запознае со како се развиваат и се дистрибуираат посложените апликации, да се запознае со новите техногии и со работите кои се практикуваат од индустријата и со нивниот пристап во решање на проблемите.

Пристапот кој беше земен за време на решањето на овој проблем беше да се фокусира на моменталните трендови кои се користат во индустријата, на пример, користење на најновите и најпопуларните техногии кои имаат најголема перспектива да останат или да станат најдобри во нивното поле. Како архитектура на проектот беше избрана структура со три нивоа, тоа е клиент-сервер архиктектура која има три различни нивоа, како исто како може да се нарекуваат и слоеви, се развиваат и се одржуваат одлоено и целосно независно. Tие слоеви се презентациски слој, апкациски слој и податочен слој. Презентациски слој е најгорниот слог, ги презентира податоците на разбирлив начин, обезбедува кориснични интерфејс кој корисниците можат да го разберат и да комуницираат со податоците кои им се презентирани. Презентацискиот слој е направен во Андроид. Апликациски слој ја содржи логиката на апкацијата, ти процесира командите од корисниците, прави логични одлуки и прави пресметки. Тој ги пренесува подаците помеѓу другите два слоја. Апликацискиот слој е направен во Спринг. Податочен слој е систем за управување база за податоци, каде податоците од апликацијата се складирани, обезбедува пристап до податоците и механизми за нивна перзистанција, за податолниот слој МонгоДБ беше избран.

Letölthető fájlok

A témához tartozó fájlokat csak bejelentkezett felhasználók tölthetik le.